Претпладневно во Белград беше одржана ждрепката за квалификациите за Европското првенство во ракомет што 2012 година ќе се игра во Србија.


Македонија се најде во првата група заедно со Босна и Херцеговина, Унгарија како и победникот од квалификациската А група, во која се наоѓаат: Естонија, Кипар, Бугарија и Велика Британија.

Првите две од секоја група ќе играат во завршницата на ЕП. Директно учество обезбедија домаќинот Србија и актуелниот европски шампион, Франција. Европското првенство ќе се игра во Белград, Ниш, Вршац и  Нови Сад   од 17 до 29 јануари 2012 година.

Еве го распоредот на групите:

Прва група : Унгарија, Македонијам БиХ и победник од А групата
Втора група : Хрватска, Шпанија, Романија и Литванија.
Трета група : Полска, Словенија, Украина и Португалија
Четврта група : Шведкса, Словачка, Црна Гора и победник од Ц групата
Петта група : Германија, Исланд, Австрија и победник од Б групата
Шеста група : Норвешка, Чешка, Холандија и Грција
Седма група ; Данска, Русија, Белорусија и Швајцарија

Предквалификации
Група А: Естонија, Кипар, Бугарија, В. Британија
Група Б: Летонија, Италија, Финска, Грузија
Група Ц: Израел, Белгија, Турција, Луксембур

М.П.