Од 14- ти до 19- ти Октомври , во организација на Агенцијата за промоција на туризмот и економскиот промотор во Шпанија, Македонија ја посети шпанскиот новинар, Јавиер Мацура ,  кој пишува за  престижниот весник ЕЛ МУНДО со тираж од 420 000 примероци.

Првиот текст во кој Мацура зборува за впечатоците од Македонија, веќе е објавен во шпанскиот весник. Во него, новинарот на “Ел Мундо”, Македонија  ја претставува како позитивно откритие за кое ќе пишува и понатаму и преку своите текстови во континуитет ќе ги запознава читателите за неоткриените туристички потенцијали на Македонија.

Шпанскиот  новинар за време на неколкудневниот престој во земјава имал можност да посети голем број туристички места и да се запознае со природните убвини, туристичкиот потенцијал,  гостопримството на жителите, богатата историја, културното наследство, фолкор, прекрасните народни носии, како и уникатниот мелос.

Како што информираат од агенцијата, шпанскиот  новинар ја напуштил Македонија задоволен од она што го видел и доживеал во Македонија.

OhridNews