Репрезентацијата на Македонијата обезбеди пласман во 1/8 финалето на Светското првенство кое се одржува овој месец во Франција.


На „црвено жолтите“ доволни за пласман меѓу најдобрите 16-ет селекции во светот им беа двете победи над Тунис и Ангола на стартот од Мундијалот.

Другите резултати, односно ремито на Словенија и Тунис отиде во прилог на Македонија која сигурно ќе се пласира меѓу првите четири во Б групата.

Пулените на Лино Червар и да имаат ист скор на бодови со Тунис ќе бидат подобро пласирани поради победата во меѓусебниот дуел. 

Конечниот пласман на Македонија во групата ќе зависи од резултатите со Шпанија и пред се со Исланд во последната петта рунда.

OhridNews