Порталот “HowAfrica” објави листа на 10 најсиромашни земји во Европа. Во нив според порталот се живее полошо и од Африка, пренесува српски „Блиц“.

10. Романија (18.635$)

Речиси 44 отсто од населението во Романија живее во руралните средини каде владее голема сиромаштија.

9. Русија (18.408 $)

Русија се смета за пример на нееднаквост во општеството. Додека мал број граѓани ужива во големо богатство, милиони живеат во сиромаштија.

8. Хрватска (18.314 $)

Авторите на анализата посочуваат дека во хрватска забрзано расте бројот на граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија.

7. Белорусија (15.633 $)

Иако во последно време е запрен падот на стандардот, во оваа земја и натаму тешко се живее

6. Бугарија (14.870 $)

Бугарија се смета за најсиромашна земја не само во ЕУ, туку и на Балканот.

5. Црна Гора (11.800 $)

Најголем дел од приходите на оваа држава се од услужни дејности. Сепак земјата бележи намалување на бројот на жители кои живеат под прагот на сиромаштија од 12,2 проценти во 2003, на 6,6 проценти во 2010.

4. Србија (11.553 $)

Корупцијата и лошата инфраструктура се најголеми проблеми на државата. Се проценува дека 1,3 милиони Срби живеат во сиромаштија.

3. Македонија (10.718 $)

Две третини од населението живее во рурални средини и се сиромашни.

2. Албанија (9.903 $)

Застарената и лоша инфраструктура во голем дел го кочат развојот на земјата.

1. Босна и Херцеговина (8.590 $)

Иако конкуренцијата во регионот е жестока, авторите на студијата истакнуваат дека сиромаштијата во БиХ, дури и ако се спореди со соседните држави е застрашувачка.

OhridNews