Нашата земја за прв пат е една од трите земји за кои ќе се изготвуваат извештаи кои потоа ќе бидат објавени во магазинот “ The State of the world population” (Преглед на состојбата со населението во светот) кој излегува во рамки на глобалните активности на УНФПА (Фонд за население на Обединетите Нации) во форма на публикација, во која се претставени тековните трендови и движења за населението во светот. Секоја година во извештајот се претставени три земји од различни региони.
Кросет е предвидено да оствари средби со стручни лица од различни профили во Струга,Охрид и Вевчани.
Барбара Кросет, е долгогодишен соработник на УНФПА, автор на изданието за 2011. Темата на извештајот за 2011 и прилогот посветен на Република Македонија ќе имаат фокус на демографските стратегии и процеси во земјата.