Македонија деновиве за прв пат се најде на страниците на престижниот светски магазин за туризам “CNN Traveller magazine“ во изданието за месец jули и aвгуст. Презентацијата е дел од програмата на националната Агенцијатза промоција и поддршка на туризмот, за зајакнување
на туристичкиот бренд на Македонија во светот.


Македонија за прв пат на страниците на “CNN Traveller magazine“

“CNN Traveller magazine“  се печати на секои два месеци и се дистрибуира во поголемите градови во Европа, до сите авионски компании низ светот, до сите членки на Светската туристичка организација, трговски и туристички саеми низ светот како и сите хотели во Европа, Блиски исток и Африка вклучувајќи ги исто така партнерите на “CNN“ како „Hyatt“, „Marriott“, „Radisson“, „Conrad“ и други реномирани имиња во хотелскиот бизнис.


“CNN Traveller magazine“  има  вкупно 680.000 претплатници низ светот.

Ohridnews