Во Македонија денеска е Ден на жалост по повод смртта на четворицата пилоти на Министерството за внатрешни работи, кои загинаа во хеликоптерската несреќа што се случи на 10-ти јули во Струмица.

Во несреќата животите ги загубија: Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хеликоптерската единица со работен стаж од 34 години; Марјан Трајковиќ роден 1967 година во Куманово, пилот – капетан со работен стаж од 37 години; Тоде Орешков роден 1970 година во Рожден – Кавадарци, воздухопловен инспектор за лиценцирање на воздухопловен персонал – пилот со работен стаж од 36 години и Иљо Лопатички роден 1968 година во Битола, командир – пилот со работен стаж од 36 години. 

Пилотот Марјан Трајковиќ вчера беше погребан во Куманово, додека неговите тројца колеги ќе бидат погребани денеска.

Несреќата МВР ја нарече „еден од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството“ 

-Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните.-изјави по несреќата министерката за внатрешни работ Гордана Јанкуловска. Сочувство до семејствата на загинатите испрати државниот врв.

По повод загинувањето на чеетворицата пилоти, во МВР вчера се одржа Комеморација.

По несреќата државата формираше комисија која ќе треба да ги открие причините за уривањето на хеликоптерот во индустриската зона во Струмица. Од тоа што до сега се знае четворицата пилоти биле во ноќен тренажен лет, кога хеликоптерот со кој управувале удрил во антенски столб на Македонска Радио Дифузија висок 120 метри. Станува збор за хелихоптер МИ 17. Хеликоптерот летал на релација Скопје-Кавадарци-Валандово-Струмица-Берово-Делчево и обратно. Истиот е редовно сервисиран и во текот на летот во кој е користена опрема за ноќна визуелизација пилотите не се пожалиле на проблеми, соопшти полицијата.

OhridNews
фото:„МИА“