Ракометната машка репрезентација одигра 28:28 со Швајцарија во рамки на „Жолтиот куп“ на кој избраниците на Кире Лазаров ја брусат формата за Европското првенство што почнува на 15 јануари во Данска, Шведска и Норвешка.
Македонија до реми дојде во завршните моменти со голот на Митев.
Швајцарија на полувреме имаше пет голови предност, 18:13, но црвено-жолтите со подобра игра во вториот дел стигнаа до нерешен резултат. Сепак тој беше доволен само за 2 место, бидејќи Швајцарија и Македонија освоија ист број бодови, но швајцарците остварија подобра гол разлика и го освоија првото место.
Македонија на ЕП ќе игра во група со комодомаќинот Данска, Португалија и Романија.
Г.М.












