Некогашната кошаркарка и репрезентативка на Македонија, Едина Муса кошарката ја замени со фитнес и не погреши со оглед дека на Светското првенство во Франција заврши на 12-та позиција.
26-годишната Муса се натпреваруваше со најдобрите од светот во категоријата девојки над 172 сантиметри. Таа се престави во одлично светло што беше доволно за пласман помеѓу најдобрите.
Муса која важи за една од најубавите спортистки во нашата земја кошаркарската кариера ја стави во мирување и комплетно му се посвети на фитнесот.
OhridNews