На 29. Интернатионален „Triumph-Meeting“ 2012 кој се одржа во пливачкиот комплекс „Aqua Nova“ во Wiener Neustadt на  14 и 15 овој месец во конкуренција на пливачи и пливачки од Австрија, Унгарија, Чешка и Словачка учество зедоа и македонките Тамара и Теодора Трајковски, кои се членови на пливачкиот клуб “Austria” од Виена.


Тамара доплива до 5 медали

Тамара (11) во нејзина конкуренција освои 5 медали: на 100м. пеперутка освои злато, на 100 грбно сребро и на 100 мешано бронзен медал. Со по 1 златен и 1 сребрен медал се закити и во штафетите 4 х 50 мешано и 4 х 50 слободно. На 100м. краул беше 4-та, а на 200м.краул 5-та.


Теодора Трајковски по стапките на постарата сестра

Теодора (8)  која оди по стапките на постарата сестра ги подобри своите лични времиња. До крајот на месецов Тамара и Теодора ги очекуваат уште два натпревара: Wiener Cup 3 рунда и Австриски меѓуклубски напревар.
 
  Резултати на Тамара Трајковски:
 1.   100м грбно   1:14.82   
 2.   200м слободно .  2:31.08 
 3.   100м пеперутка  1:18.02  
 4.   100м слободно  1:09.95  
 5.   100м  мешано 1:19.09  

OhridNews