Александар Трајковски, Мирко Иваноски и Иван Тричкоски беа стрелци на голови за своите екипи на викенд мечевите ширум Европа.

Александар Трајковски беше најзаслужниот играч во победата на Интер Запрешиќ над Хрватски Драговољац со 3-2. Трајковски еднаш погоди, и два пати асистираше на своите соиграчи.

Мирко Иваноски ја потврди победата на неговиот тим Арка над со 3-0, постигнувајќи го третиот погодок на мечот. За него ова беше само вториот погодок во полскиот клуб.

Иван Тричковски на двапати погоди во триумфот на Апоел над Анортозис со 2-1. Популарниот “Тричко“ со овие два гола стигна до бројот 11 зад своето име.

Ohridnews

Ohrid