Потребно е државата да се пристапи кон повторно системско стимулирање и поддршка на пазарот на хартии од вредност во Македонија, беше истакнато на 12 годишна конференција на Маакедонска берза што се одржува во Охрид.

За таа цел треба да се формира соодветно национално координативно тело според примерот на некои земји, како Австрија, а притоа државата да стане поактивен чинител на пазарот на хартии од вредност, како учесник, развоен двигател и како регулатор. -истакна Иван Штериев, директор на Македонска берза.


Тој посочи дека мора засилено да се промовира и стимулира издавањето и вложувањето во хартии од вредност, да се ревидираат и координираат определени решенија во Законите за хартии од вредност и за трговски друштва, да се постигне рамнотежа меѓу регулацијата, бизнисот и развојот, повторно да се разгледаат можностите за фискални и други стимулации за инвеститорите и компаниите, да се изедначи даночниот третман на вложувањето во сопственички и должнички финасиски инструменти, потоа да се искористат сите три столба на пенизискиот систем како најважен автономен фактор за развој на пазарот.


Во своето обраќање пред учесниците Штериев посочи дека берзански индекс МБИ 10 во мерен преку движењата на 10-те најликвидни акции, во април е зголемен за 11,4 отсто од почетокот на оваа година, но е сеуште за 67 отсто пониско од почетокот на 2008 година. Тој уште нагласи дека воопшто не треба да се повторува важноста од откочување на процесот на евроатлантски интеграции на Ррепублика Македонија и моментумот што ваквиот развој на настаните би го предизвикал на берзата.


На дводневната конференција во Охрид учествуваат претставници на сите финансиски институции и нивните регулаторни тела, а свои излагања пред учесниците на собирот ќе имаат и истакнати експерти од областа на пазарите на капитал од Австрија, Бугарија и Чешката Република.

На вториот ден од конференцијата, ќе биде доделено „Кристално ѕвоно“ – награда за најтранспарентно котирано акционерско друштво за 2010 година, како и наградата за најдобар истражувачки труд од областа на пазарот на хартии од вредност во Република Македонија.

OhridNews