Џесика Стојковска од Кингсли сопруга на македонскиот иселеник Сиљан Стојковски од Перт, е избрана за член во законодавниот дом на Западна Австралија.

Македонската снаа беше номинирана од австралиска Лабуристичка партија.

Официјално таа освои 11,250 гласови или 50.68 проценти од избирачкото тело. 

– Ќе бидам претставник не само на Кингсли туку и на целата македонска заедница во Перт. Моето македонско семејство од кое сум дел, што значи јас сум делумно Македонка на што сум особено горда и благодарна – вели Џесика.

Меѓу првите кои и честитаа на Џесика Стојковска, беа македонскиот амбасадор во Австралија Веле Трпевски, почесниот конзул на Република Македонија во Перт Западна Австралија, Зоран Ќосески, како и медиумскиот спонзор-порталот Фаланга.

OhridNews