Во осум градови низ Македонија, меѓу кои и Охрид, Театарската група од Сиднеј ќе ја прикажува драмата “ Мистер Балкан”. Актерите од групата се членови на литературното друштво “ Григор Прличев”.

Ќе гостува и драмскиот писател и поет Душан Ристевски кој е иницијатор и досегашен претседател на ова реномирано литературно друштво.

Драмата во Охрид е предвидено да се прикажува на 14 јуни во Центарот за култура “ Григор Прличев”.

OhridNews