Натпреварот во Корча , на стадионот “Скендер-бег“ на кој за прв пат се играше еден меѓународен натпревар мина во исклучително фудбалска атмосфера. Десетилјадната публика со коректно навивање ги бодреше своите репрезентативци, а “ црвено – жолтите“ подршка добија од група од стотина македонци од Албанија, кои обединети под името “Македонска Алијанса“  без резервно ја храбреа селекцијата.


Аплаузи и благодарност за нивната подршка по завршувањето на мечот стигна од комплетнта македонска репрезентација.   

М.П.
Фото : Емилио