Во чест и
сеќавање на естрадниот уметник  Секула Пупиноски вечерва, во Центарот
за култура ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапат: „ Дрим
Тим “ со Марјан Коцев, Ефто Пупиноски, Наум Петрески, Сузана Спасовска,
Зуица Лазова, Елена Велеска,  Ѓоко Танески и Гудачки квартет – предводен
од концерт мајсторот во МОБ Климент Тодороски.

Хуманитарниот
концерт ќе го снима продикцијата на Сузана Спасоска „С. Национале“, а
речиси сите изведувачи ќе отпеат по една песна од репертоарот на
покојниот Секула Пупиноски.

Собраните средства од концертот,
семејството Пупиноски ќе ги донира за итно и неопходно  лекување на
десет годишната Тања Трајческа од Охрид.

Хуманитарен концерт „ Врати се како што замина ТИ“ почнува во 20 часот.

Влезниците по цена од 100 денари можат да се купат на
билетарницата на Центарот за култура „Григор Прличев“ секој работен ден
по 15 часот.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, и медиуми од Охрид.

OhridNews