Македонската фудбалска репрезентација падна за една позиција и се наоѓа на 69. место на најновата ранг-листа на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објавена денеска.

Најдобрите светски фудбалски репрезентации и понатаму ги предводи актуелниот првак Аргентина. Франција е втора, додека Белгија ја потисна Англија од третата позиција.
Следното рангирање на ФИФА ќе биде објавено на 20 јуни.
Рангирање на ФИФА:
1. Аргентина 1.858 бодови
2. Франција 1.840,59
3. Белгија 1.795,23
4. Англија 1.794,9
5. Бразил 1.788,65
6. Португалија 1.748,11
7. Холандија 1.742,29
8. Шпанија 1.727,5
9. Италија 1.724,6
10. Хрватска 1.721,07
– ———————-
69. Македонија 1.1354,19.
OhridNews










