Полициите на Македонија и Алабанија ќе отворат заеднички контакт центар на граничниот премин Ќафасан.

Ова се предвидува со билатералниот договор што во рамки на деветатта годишна конференција  на шефовите на полиции од регионот, која се одржува во Скопје, го потпишаа министерката за внатрешни работи на Македонија Гордана Јанкуловска и заменик министерот за внатрешни работи на Албанија Авенир Пека.

Контакт центарот е предвидено да  функционира во насока на анализа и размена на податоци и информации помеѓу двете полиции, а во тек се активности за официјализирање и на Протокол за соработка во текот на туристичката сезона и Меморандум за разбирање меѓу двете министерства за соработка во областа на внатрешната контрола.

На прес конференцијата по средбата со министерката Јанкуловска, заменик министерот за внатрешни работи на Албанија  го коментираше инцидентот со палењето на македонското знаме во албанскиот град Бурел, кој, според него, нема да влијае на добрите односи помеѓу двете земји.

-Тоа е изолиран инцидент предизвикан од поединци и не ја изразува соработката и добрите односи меѓу двете земји, изјави заменик министерот за внатрешни работи Авенир Пека.

OhridNews