Репрезентацијата во фудбал на Македонија за фудбалери до 21 година, вечерва (20.45) во Гдиња, ќе ги одмери силите со Шпанија, во рамки на првото коло од Европското првенство што се одржува во Полска.

Селекторот на Македонија до 21 година Благоја Милевски смета дека пласманот на ЕП, прв во историјата, сам по себе  е голем успех.

-Ние сме меѓу дванаесетте најдобри селекции во Европа и имаме право да бидеме горди на тоа. На ова Европско првенство ќе се обидеме да уживаме во натпреварите. Немаме притисок, но ќе се однесуваме одговорно и посветено. Фудбалерите се добро подготвени и сугурен сум дека ќе го дадат најдоброто од себе. – рече Милевски.

Капитенот Давид Бабунски смета дека Македонија иако игра во најтешката група на првенството, има што да покаже.

-Горди сме што ќе играме на овој шампионатот. Навистина сме среќни што токму ние пишуваме историја за нашата земја. Факт е дека ја добивме најтешката група на првенството, но тоа е дополнителен мотив за секој од нас. На хартија можеби противникот е фаворит, но само на теренот се потврдува квалитетот. На теренот ние ќе се потрудиме да покажеме колку вредиме, изјави Бабунски.

OhridNews