Природните убавини, културното богатство и богатата традиција на Македонија ќе бидат претставени на саемот за туризам „TTG-Incontri“ кој од денес до 11-ти октомври ќе се одржува во Римини, Италија. Ова саемско претставување е дел промотивните активности за промоција на македонските туристички потенцијали на светскиот туристички пазар кој ги организира ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот”.

Според распоредот на настани, по претставувањето во Италија, македонската туристичка понуда ќе биде претставена и на Саемот за туризам во Познан, Полска кој ќе се одржува од 23-ти до 25-ти октомври 2014 година.

Пред две недели Македонија беше претставена и на престижниот саем за туризам „Jata Turisam Expo“ кој се одржуваше во Токио, Јапонија.

Инаку во текот на првата половина од годинава, ,,Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот” ги презентираше македонските туристички можности на саемите во Утрех, Виена, Истамбул, Брисел, Милано, Софија, Балеград, Берлин, Букурешт, Москава и Гетебург.

OhridNews