Како што информираа од министерството за надворешни работи, шефот на дипломатијата, Никола Попоски и шпанскиот амбасадор Фернандо де Галаинена Родригез, денеска, во Скопје потпишаа Договор за заемно признавање и замена на националните возачки дозволи.

Со договорот се овозможува заемно признавање и конверзија на возачките дозволи издадени од едната земја на лица со легален престој на тероторијата на другата земја.

OhridNews