Најмалку 26 лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи денеска кај Блаце, Република Србија. Како што пренесуваат српските медиуми, до несреќата дошло кога автобус со македонска регистрација кој се движел кон Копаоник, излетал од коловозот и се превртел на страна.

Засега не се познати причините кои довеле до несреќата која се случила на неасфалтиран дел од патот кој бил во изградба.

Повредените лица, во најголем дел жители на Радовиш, се хоспитализирани во локалните болници..

OhridNews