Доктори од Македонија ќе се обучуваат во познати медицински центри во Белгија, најави министерот за здравство Никола Тодоров, кој денеска потпиша Меморандум за соработка со претседателот на Фондацијата за здравствена заштита на Белгија, Жак де Туф.
-Особено ќе се фокусираме на следните медицински области: кардиохирургија, гинеколошка онкологија, трансплатација, лапароскопска хирургија, анестезиологија, неврологија и неврохирургија, радиологија и радиотерапија, како и интерна медицина, педијатрија, ортопедска хирургија, офталмологија, дерматологија и други области, рече Тодоров.
Белгиските доктори кои ќе пристигнат во Македонија, ќе обучуваат свои колеги во повеќе Медицински Центри ширум Македонија, со цел да се разменат вештини за зголемување на квалитетот на здравствената услуга.
OhridNews
Извор:„Макфакс“