На граничниот премин Кула, на влез во Црна Гора, при детален преглед во скриен бункер на патничко возило „Хјундаи“ со македонски регистарки таблички, во кое се наоѓале двајца државјани на Македонија, полицијата открила 24 пакувања дрога хероин, со вкупна тежина од 12 килограми.

Црногорските медиуми повикувајќи се на официјални информации на тамошната полиција, пренесуваат дека акцијата била подготвувана со месеци заедно со македонската полиција.

Во акцијата се уапсени две лица од Скопје на возраст од 28 и 23 години.

OhridNews
фото: Твитер – Полиција на Црна Гора