Фестивалот „Охрид фест-Охридски трубадури 2014” продолжува и денеска со фолк-вечер, на која ќе настапат врвни и реномирани македонски фолк ѕвезди како Петар Нечовски, Благоја Груевски, Јордан Митев, група Соната, Скопски Боеми и други фолк имиња.
Освен домашни изведувачи, во рамки на оваа фестивалска вечер ќе настапат и музички имиња од соседството како Стели Јорданова, Васил Влканов, Марија и Магдалена Филатови од Бугарија и Жарко Тимотијевиќ од Србија.
Ексклузивните ТВ права за директен пренос на фестивалот ги има Македонската Радио Телевизија, а за прв пат „Охрид фест“ ќе го пренесува и Турската радио телевизија, националниот сервис „ТРТ“,„ТВ Шансона“ од Русија, „Коперникус“, „Свет +“ и „Белла амие“ од Србија, „Визион“ од Албанија, „Хајат Телевизија“ од Босна и Херцеговина, „З1 Телевизија“ од Хрватска, „Балканика“ од Бугарија, „Атлас“ од Црна Гора и други.
Инаку, 21-вото издание на фестивалот започна синоќа со вечерта на детски песни „Чунга Лунга“.
OhridNews