Македонски и бугарски компании денеска во Скопје потпишаа неколку договори за меѓусебна соработка во рамки на бизнис форумот што се одржува под покровителство на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија.

Потпишани се четири договори од кои три од областа на винската индустрија и еден во делот на обезбедувањето и безбедноста.

Форумот го отворија министрите за надворешни работи Бујар Османи и Николај Милков, а на него учествуваат над 150 претставници од компании, стопанските комори и од економските институции на двете држави.

Целта на форумот е да се поттикнат нови можности за соработка, нови потенцијали што ќе ги препознаат и ќе ги употребат бизнисите за да се задржи позитивниот тренд на соработка. Во текот на последните две години трговската размена меѓу двете држави е зголемена. Во првите три квартали од годинава се бележи раст од над 50 проценти, а до крајот на годинава се очекува да се надмине прагот од една милијарда евра.

OhridNews