Македонски државјанин, кој управувал товарно моторно возило Сканија, вчера околу 11 часот во  близина на  Катерини- Грција, бил  запрен од Грчката полиција. По извршената контрола бил исклучен од сообраќај затоа што на неговото  возило наместо ФИРОМ, имал налепница МК.Грчките полицајци му ги одзеле сообраќајните дозволи на возачот, и му било кажано кога ќе набави односно залепи  налепница ФИРОМ,истите ќе му бидат вратени.

 Бидејќи соработувал со Грчка шпедиција, возачот  стапил во телефонски контакт со нив при што им го образложил проблемот и истите направиле  налепница на која пишувало ФИРОМ и истата од страна на грчката полиција му била залепена на возилото, по што му биле вратени сообраќајните дозволи.