Во организација на повеќе движења и здруженија, денеска пред Собранието ќе се одржи протест против, како што нагласуваат организаторите, антиуставниот и дискриминаторски закон за двојазичност, пренесува „Макфакс“.

Во организацијата на протестот се вклучени здружението на граѓани „Преродба“, движењето на македонските носители и бранители на државниот суверенитет „Единствениот македонски пат“, Движењето за цивилизациските вредности, организациониот одбор на сенародниот протест за враќање на насилно одземениот суверенитет, со поддршка од „Тврдокорни“ и „Македонски обединети сили“ (МОС). Оттаму наведуваат дека освен утрешниот, ист ваков протест ќе организираат и в понеделник (29 јануари), со почеток од 10 часот.

Организаторите ги повикуваат македонскиот народ и гласачите во земјата да се обратат од говорница пред Собранието и да ги изразат своите мислења и ставови за, според нив, наметнатиот антиуставен закон.

OhridNews
извор: „Макфакс“