Македонски планинар го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија. Според информациите на МИА, станува збор за група од околу девет лица од земјава, кои планинареле на Олимп, при што се претпоставува дека на починатиот му се слошило или добил срцев удар пред да падне во провалија.

Се очекува обдукцијата да ги утврди точните причини за смртта.