Спортот во Македонија остана без својот единствен специјализиран печатен медиум, откако „Македонски Спорт“, денеска на 30 април за последен пат излезе во печатена форма.
„Македонски спорт“ не го дочека 20-от роденден, но со вкупно 5962 печатени изданија остави неизбришливи траги на сите спортски успеси во Македонија.
Низ 20-те години постоење на „Македонски Спорт“ во весникот се пишувало за охридските клубови и збиднувања во Охрид, а поголем дел од новинарите кои и моментално работат или работеле во Ohrid News како дописници биле дел од весникот.
Ваквиот развој со „Македонски Спорт“, е голем минус за новинарството, бидејќи успесите на индивидуите, клубовите и националните селекции ќе останат незабележани во весник, кој примерот долги години се чува и урамува.
Минатата година прекинаа со работа „Дневник, „Вест“ и „Утрински весник“, а моментално во печатена форма излегуваат „Нова Македонија“, „Вечер“ и „Слободен Печат“.
OhridNews