Македонскиот амбасадор во Финска, Кире Илиоски денес  ќе престојува во работна посета на Охрид, при што во Свети Наум ќе оствари средба со финските туристи кои доаѓаат во Македонија преку финскиот туроператор Ауринкоматкат и нивниот партнер во Македонија – туристичката агенција Атлантис.

Во Свети Наум, во текот на попладневните часови  ќе се одржи презентација на македонските вина од винаријата Тиквеш кои веќе се дел од финскиот пазар.

На презентацијата ќе присуствуваат и претставници од Агенцијата за поддршка и развој на туризмот.

OhridNews