И покрај предизвиците што доаѓаат од последните случувања во еврозоната, банкарскиот систем во Република Македонија останува стабилен, беше заклучено на редовната седница на Економскиот совет на Владата, што се одржа вчера, јавува „Макфакс“.

На седницата на Економскиот совет со којашто претседаваше премиерот Никола Груевски, беа разгледувани информациите за тековните макроекономски движења, во атмосфера на колебливост на расположенијата поради тешкотиите во регионот на единствената европска валута.

Економскиот совет, исто така, ја разгледуваше информацијата и за тековните активности во технолошко-индустриските развојни зони.

Истовремено, беа разгледани и предлог-текстовите на законите за минерални суровини, за Геолошки завод на Република Македонија, како и предлог измените во Законот за концесии и јавно приватно партнерство, за коишто беше заклучено дека ќе бидат проследени во владина процедура на донесување.

OhridNews
извор:„Макфакс“