Капитенот на македонска ракометна репрезентација Кирил Лазаров лесно може да се случи да ја промени средината по завршување на сезоната. Моментално македонскиот голгетер настапува во Атлетико Мадрид, а за неговите услуги најзагреан е германскиот Хамбург.

За наредната сезона екипата на Атлетико Мадрид најави значително намалување на буџетот, што ќе значи и помали плати за врвните ракометари. По пласирањето на оваа информација претседателот на Хамбург, Матијас Рудолф веднаш се огласи околу ангажирањето на Лазаров – Дефинитивно е еден од оние ракометари што се интересни за нас. Има квалитет, има искуство, подготвен е да прифати и намалување на платата. Сепак, малку е стар… Интерес постои, останува да се види што ќе се случи.

Во минатот Лазаров настапуваше за Загреб и Веспрем, а ако се одлучи за потпис со Хамбург тоа ќе биде прво искуство за Македонец во најсилната ракометна лига на светот, Бундес.

Мх.П.