Филмот „Исцелител“ на македонскиот режисер Ѓорче Ставрески ја освои наградата на публиката во рамки на „Balkan Survey“ програмата на 58 – от Солунски филмски фестивал. Тоа e единствената награда што се доделува во балканската програма и прва награда доделен а на македонски филм во 58 – годишното постоење на фестивалот.

Балканската програма оваа година беше исклучително престижна, учествуваа 10 филма, меѓу кои и овогодинешниот добитник на сребрена мечка на берлинскиот филмски фестивал, романскиот „Ana Mon Amour“, потоа добитникот на Фипресци наградата на Софискиот филмски фестивал, српскиот филм „Реквием за госпоѓа Ј“ и уште еден романски филм, учесник во официјална конкуренција на Локарно – „Charleston“.

„Сѐ уште сум под огромни ипмресии. Големо задоволство во моментов ми е што наградата на публиката ми покажа дека филмот кој се движеше на тенка линија помеѓу драма и комедија целосно допре до интернационалната публика. Се смееја на хуморот, се плашеа за главниот јунак, навиваа за среќна завршница. Имав две прекра сни проекции, а во релаксирана атмосфера слушнав коментари кои ми покажаа колку сме блиски како култури, особено притиснати од нашите апсурдни балкански невољи. Се надевам на добар прием и кај нашата публика. – изјави режисерот Ѓорче Ставрески.

Филмот пред македонската публика премиерно ќе се прикаже на Синедејс на 19 ноември, по што ќе се најде на редовната програма на македонските кина. 

OhridNews