Охрид вечерва ќе биде домаќин на Регионалната  фолклорна смотра.

Македонскиот фолклор ќе го презентираат културно-уметничките друштва „Отекс“, „Бисери“ и „Ѓердан“ од Охрид, „Дримкол“ од Вевчани, „Илинден“ од Велгошти и „ Саше  Милошески“ од Ресен, како и ансамблите на народни песни и ора „Оро “ од Мислешево и „Македонка “ од Охрид.

Фолклорната смотра ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток  во 20 часот. Влезот е бесплатен.

Ohridnews