Како што изјави Јордан Трајков, директор на Агенција за промоција и подршка на туризмот на Република Макеодонија, нивниот тим се погрижил да организира достоинствена презентација на туристичките можности на Македонија на овој саем.
– Направивме нови иновативни промотивни материјали и убав штанд и во соработка со повеќе фирми и асоцијации од туристичката индустрија одлично се претставиме, што треба да придонесе за подобра овогодишна туристича сезона, изјави Трајков.
Според Васко Коциров, сопственик на Каратанова турс (фирма од Холандија која долгигодини носи бројни туристи од Холандија во Македонија) оваа година поради кризата саемот бил помалку посетен, но македонскиот штанд бил еден од најпосетените, според што очекува сезона со рекорден број гости.
Мараје Криегсман, Продукт Менаџер од ТУИ Холандија, туроператор кој е вклучен во организацијата на чартер летовите информира дека продажбата на аранжманите за Македонија стартуваа одлично. – Имаме додатни чартер летови, подолга сезона и воглавно продаваме аранжмани на база ноќевање со доручек што значи дека Македонија може да очекува позитивен ефект за туристичката индустрија и воопшто за економијата, вели Криегсман.
Со позитивни впечатоци од саемот во Холандија е и Крсте Блажески, сопственик на Хотел Дрим и претставник на ХОТАМ на одржаниот саем.
– Имавме значително подобрување на посетеноста. До овој момент имаме продадено околу 500 аранжмани, за разлика од лани кога во исти период имавме продадено само 120 аранжмани. Моја проценка е дека можеме да очекуваме пораст од 20-30% од холандскиот пазар, истакна Блажески.