Од денес до недела во Охрид се одржува 16- та Меѓународна конференција на Клириншки институции во Централна и Источна Европа.

Темите на овогодинешната конференција се однесуваат на влијанието на новите технологии кои водат кон подобрување на постојните и воведување на новите производи во платните системи, од локално па се до глобално ниво. Предавачи ќе бидат водечки лица од платежните институции, регулаторни тела, централните банки и банкарската индустрија.

Собирот на отворањето го поздрави гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов, кој истакна дека е значајно и добро што оваа традиционална годишна конфернција на која се собираат клириншките куќи од Европа и централна и источна Европа, се одржува во нашата земја.

Според Богов македонските банки ги следат најновите тренодви во светот во технологијата.

-Народната банка исто така игра значајна улога оттаму што пропишува високи стандарди кои што банките мора да ги задоволат. Тоа од една страна е трошок за банките, но е неопходно за сигурноста и ефинаксноснста на системите што ги имаат банките.-изјави Богов.

Во работниот дел од Конференцијата ќе стане збор за локалните платни системи во Република Македонија, процесите на имплементација на СЕПА стандардите во европските земји, и прашањата како меѓусебната поврзаност и пристапност.

Домаќин на овогодинешната конференција, што се одржува во хотелот Инекс Горица, е Клириншката куќа КИБС- Клириншки Интербанкарски Системи АД Скопје.

OhridNews