Над 3 000 фанови на македонската фудбалска репрезентација, вчера, пристигнаа и ја кренаа на нозе романската престолнина Букурешт. „Црвено жолтата“ боја беше на секаде од улиците, а неверојатната атмосфера беше хит на романските телевизии, но и на европските медиуми, кои со суперлативни пишуваа за „фалангата“.

Сплотеноста во репрезентацијата на Македонија најдобро ја отсликаа тројца познати охриѓани, кои упатија силна и моќна порака од Букурешт. Тројца охриѓани од различна нација, но сепак со една цел-за Македонија.

На резултатски план Македонија немаше добар почеток, откако изгуби од Австрија (3-1), но без разлика, фудбалерите и ние како Македонци сонуваме со отворени очи.

Напред Македонија!

OhridNews