Од денеска до 20-ти септември Охрид ќе биде домаќин на 3. Конгрес на физијатри на Република Македонија.
Според објавената програма, учесниците на овој научен собир ќе работат на следниве теми:Рехабилитација во ревматологија; Рехабилитација во детска возраст и Рехабилитација во трауматологија и ортопедија.
Исто така ќе биде дискутирано и за темите поврзани со:Рехабилитација на невролошки заболувања; Протетика и ортотика; Рехабилитација на кардиоваскуларни и пулмонални заболувања, како и за новостите во дијагностиката и терапијата во физикалната и рехабилитациона медицина и третманите на болка.
Конгресот го организира Здружението на физијатри на Република Македонија кое е формирано за полесна и подобра соработка помеѓу специјалистите во оваа област на медицината, пациентите и јавноста. Ова Здружение е основано во склоп на Македонско лекарско друштво и Лекарската комора на Македонија.
OhridNews