Македонската фудбалска репрезентација ќе се собере во втората половина на март во турска Анталија на еднонеделен тренинг камп во рамки на кој ќе одигра два пријателски натпревари.

По двата дуели во Анталија избраниците на Милевски своите репрезентативни обврски ќе ги продолжат во јуни со гостински натпревари против Хрватска во Риека и Чешка во Прага, пред стартот на Лигата на нации во септември.
Македонските фудбалери се во групата 4 во Ц – дивизијата во која за противници ќе ги имаат селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.
OhridNews
 
					


 
							







 
					