Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, годинава во Македонија се одбележува со саем на банки – Банкекспо во Скопје, што го организира Здружението на банкарство при Стопанската комора на Македонија.
На првиот ваков саем во зењмјава ќе бидат доделени и плакети за постигнати особени резултати во работењето со населението за 2012 година на 30-тина претставници од банките и штедилниците.
Во рамки на саемот ќе се одржи и дебата на тема „Криза – 2013 – предизвици – решенија“, на која ќе учествуваат сите чинители кои ја креираат економската политика во државата.
Штедењето во Македонија и во оваа 2012 година бележи нагорна линија. Од „Охридска банка“ дел од Сосиесете Женерал групацијата, информираат дека вкупните депозити заклучно со третиот квартал бележат константен и континуиран пораст.
“Во Охридска банка вкупните депозити заклучно со третиот квартал бележат константен и континуиран пораст кај двата сегменти (правни и физички лица), во споредба со истиот период минатата година. Порастот на депозитите кај население изнесува 12,1% додека депозитите кај правни лица се зголемени за 9,1%.
Депозитите на правни субјекти заклучно со септември годинава изнесуваат 182 милиони евра, а кај население 113 милиони евра.”-информираат од „Охридска банка“дел од Сосиесете Женерал групацијата.