Од денес до осми април во Охрид се одржува Интернационален тренинг за лидери, организиран во соработка со данскиот Сојуз на извидници  и Сојузот на извидници на Македонија, на кој учествуваат околу 30 извидници од Данска и 30 од Македонија.

Во текот на седумдневното логорување, учесниците освен што ќе ја запознаат културата на другата држава ќе се стекнат и со знаење од областа на лидерството и работата со извидничка патрола. Ќе се спроведат и работилници од областа на мирно решавање конфликти, комуникација, проектен менаџмент, изработка на младинска програма, раководење и насочување на младите кон постигнување позитивни проемни во општеството.

Сојузот на извидници на Данска е највлијателна невладина организција во кралството Данска  и во соработка со Сојузот на извидници на Македонија цели кон создавање конструктивни лидери во двете држави.

Македонскиот Сојуз на извидници е невладина организиција која на територијата на Македонија своите први почетоци ги бележи уште во 1921, а обликот на денешната организација за прв пат датира од 1953 година. До денес низ нејзините редови имаат членувано повеќе илјадници млади луѓе.

– Чест ми е да присуствувам на еден ваков настан, чија основна цел е градење на капацитетите на младите, на оние кои се нашата иднина. Посебно задоволство ми претставува што Македонија е пионер во регионов во организација на ваков настан, чија основна цел е преку примена на едукативни методи да придонесе во градење на здрав систем на позитивни вредности кај младите, нешто на кое треба да се обрнува поголемо внимание во општеството. Уште поголемо задовоство ми претставуава што тоа се прави во соработка со едно од најголемите извиднички движења во светот. Како раководител на една од водечките општествени  одговорни компании во Македонија, „Алкалоид“ Скопје,  работам на поддршка на проекти кои се насочени кон младите и нивна едукација, изјави на отварањето Живко Мукаетов, генерален директор на  „Алкалоид“ и конзул на кралството Данска во Македонија.

Извидничката организација, како во светот така и во Македонија е најбројното невладино движење во кое се вклучени над 30 милиони луѓе.

OhridNews