Македонските фудбалски репрезентативци, актуелни и поранешни се почесто и се полесно наоѓаат ангажмани во првенствата од источниот блок на Европа.


Така заменик капитенот Величе Шумуликоски е на добар пат да се врати во рускиот Сибир каде настапуваше минатата сезона. Дефанзивниот играч за врска е задоволен од понудата на челниците на тимот, кои настојуваат да го вратат тимот во Првата Лига на Русија.


Украинскиот тим кој се бори за опстанок Севастопол, го ангажираше македонскиот напаѓач Бесарт Ибраими кој неодамна го раскина договорот со германскиот бундеслигаш Шалке.  Ибраими кој недоби шанса во тимот на Феликс Магат потпиша две годишен договор со Севастопол.


Најдобриот фудбалер за минатата година, голманот на Работнички од Скопје, Мартин Богатинов  својата кариерата ја продолжи во Карпати од Украина. Добрите настапи и одбрани во дресот на Работнички и македонската репрезентација го свртеa вниманието кон Богатинов кој во украинскиот тим потпиша три годишен договор со можност истиот да биден продолжен на дополнителни две сезони.

М.П.