Машката кошаркарска репрезентација на Македонија за кошаркари до 20 години денеска (18:45 ч.) во салата „Борис Трајковски“ против Чешка го игра првиот меч од втората фаза по групи на Европското првенство Б-дивизија.Во новоформираната четвртфинална група Македонија и Холандија имаат по два бода, додека Австрија и Чешка имаат по еден бод.
Во вториот натпревар утре Македонија ќе игра против Холандија.










