Македонските новинари вечерва во една поразлична улога. На манифестацијата „Новинарите пеат“ која за прв пат се одржува вечерва,  ќе настапат петнаесет новинари од повеќе медиумски куќи. Тие ќе пеат во живо, а ќе ги придружува бендот на Петар Ренџов. 
 
Водители на манифестацијата ќе бидат Лила Стојанова, Ирена Спировска, Ели Танаскова, Љубица Јаневска, Мелита Ракичевиќ и мистерот на светот Стефан Лошковски.

Манифестацијата „Новинарите пеат“ ќе се одржи во Универзалната сала, со почеток од 20 часот, а пренос од манифестацијата ќе се врши на Македонската радио телевизија.

OhridNews