Воспоставување на мрежа на комуникација помеѓу офтамолозите во Македонија е исклучително важно за навремено и квалитетно лекување на очните болести, кои од година во година земаат се поголем замав. Пациентите мора добро да се едуцираат дека и сложената очна патологија, која во минатото хирушки се третираше само во странство, сега успешно се лекува и кај нас. Ова беше истакнато на Стручниот симозиум на тема ,,Актуелните проблеми во хирургијата на катарактата, витректомијата и аблацијата’’ во Република Македонија, кој во покровителство на очната клиника ,,Систина Офтамологија,’’ се одржува викендов во Охрид.

Офтамолозите велат дека според бројот на лекувани пациенти катарактата е едно од најчестите сложени заболувања на очите од кое страдаат македонците.

-Катарактата е  најчестата патологија која ја имаме во нашата клиника и која хирушки се третира. Во рамки на нашето двегодишно функционирање, како современ офтамолошки центар, на овој метод хирушки биле подложени над 1000 пациенти. Третирањето на ова заболување со фако модификацијата и изборот на леќите кои се вградуваат во текот на оваа метода, беше и една од главните  точки на овој симозиум, вели Д-р Златко Арнаудовски, директор на клиниката Систина Офтамологија.

Тој појасни дека освен третирањето на катарактата, во Македонија сега се достапни и оперативни зафати и за други послжени очни заболувања, кои  пациените беа приморани да ги прават во странските клиники.

-Во Македонија сега успешно хирушки се лекуваат и сложени витеректомии и аблации. До сега имаме оперирано околу 180 витректомии што е една солидна бројка и околу 60 аблации на мрежница. Значи тоа се пациенти кои што во поранешните услови барале лекување надвор, што е доста скапо и недостапно. Пациентите треба да знаат дека голема поволност е тоа што имаме договор со Фондот здравствено осигурување па дел од овие операции, кои што се многу скапи можат да се прават и со сини картони, –вели Арнаудовски. Тој нагласи дека освен домашни пациенти, за лекување на очни болести во Македонија  доаѓаат и пациенти од Косово, Србија, Бугарија
и Албанија .

На офтамолошкиот симпозиум учествуваат над  60 реномирани офтамолози од јавните и приватните здравствени установи во Македонија.

OhridNews