Македонските поети на 42 меѓународни белградски средби на писателите не настапија под референцата ПЈРМ, туку под уставното име, Република Македонија.
По сознанието дека македонските поети се најавени под референцата, претседателот и директорот на Струшките вечери на поезијата, Славе Ѓорѓо Димоски и Мите Стефоски, изразија остар протест заради таквиот однос на Друштвото на писателите на Србија, по што плакатетите беа повлечени и заменети со нови, а измената беше внесена и на нивната интернет страница.
Македонските поети на Белградските меѓународни настапија под уставно име