Во Келн денес околу 14 часот ќе бидат извлечени двојките за баражите за Светското првенство во 2025 година. Во групата носители е и македонската репрезентација.

Домаќините на Мундијалот, Хрватска, Данска и Норвешка се квалификуваа директно за Светското првенство. Исто така и Франција (финалист), како и Германија и Шведска (ќе бидат трето и четвртопласирани) изборија настап на СП 2025.

Останатите 11 места ќе се решаваат преку натпреварите од плеј-офот за квалификациите за Европа.

Во групата носители се: Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка, Полска и Македонија.

Групата не-носители ја сочинуваат: Грузија, Србија, Фарските Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и четирите селекции од квалификациската фаза на Светското првенство за мажи на ИХФ 2025 година. Украина или Естонија, Финска или Литванија, Белгија или Италија и Словачка или Израел. Тие четири тима ќе бидат познати на 17 март.

Плејоф-пресметките се закажани за 8 и 12 мај.

OhridNews