Во Скопје наместо во Охрид, ќе биде собирот на македонските репрезентативци за престојниот пријателски меч во Елбасан против Албанија.


Македонските репрезентативци во понеделник ќе отпатуваат за Поградец, а во вторник од 10 часот ќе имаат тренинг на стадионот во градот. Од 19 часот ќе го одржат единствениот тренинг на стадионот на кој ќе се игра натпреварот во Елбасан.

Мечот ќе се игра во среда од 18 часот. Средбата со новинарите селекторот и репрезентативците е закажана за понеделник на пладне.

Ohridnews