Македонските судии на чело со Александар Ставрев одлично го водеа мечот помеѓу Лил – Валенсија. Победата им припадна на гостите со минимални 1-0. Стрелец на единствениот погодок на натпреварот беше Џонас од белата точка во првиот дел.

За македонските арбитри ова беше трет натпревар во групната фаза од Лигата на Шампиони сезонава откако судеа на мечот Јувентус – Нордсјеланд и Бате Борисов – Баерн Минхен.

Мх.П.